Monday, July 29, 2013

МКЦ „Show Your Hope“.


Почитувани,

Ве известуваме дека во рамките на одбележувањето на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, вечерва во МКЦ, со почеток во 20:00 ќе биде отворена изложбата „Show Your Hope“.





SHOW YOUR HOPE е патувачка изложба, со елементи на изведувачки театар која започнала како комуникациски проект фокусиран на глобалната свест со наслов: “80 Прашања од целиот свет”, како мала пародија на Верновата легендарна книга “Пат од 80 дена околу светот”. SHOW YOUR HOPE е изложба инспирирана од имагинацијата, истражувањата, фантазијата и свесноста за иднината.
Оваа изложба патува повеќе од 10 години низ целиот свет, со помош на впечатлив жолт камион, прикажувајќи повеќе од стотина мали уметнички дела изработени од уметници од целиот свет. Сите овие дела имаат една заедничка нишка – изразувањето НАДЕЖ.
SHOW YOUR HOPE прикажува вербални и визуелни дела, а Г. Мартин Ворбиј, раскажувач и иницијатор на изложбата ја носи присутната публика вербално низ многуте димензии отсликани во делата. Во текот на цела 2013 година како и идната 2014 година, SHOW YOUR HOPE ќе презентира 80 дела од македонски уметници од најразлични генерации со различен израз, каде на свој начин уметниците ќе ја прикажат својата визија за надеж.
Презентацијата во Галеријата на МКЦ ќе ја заокружи оваа селекција на дела на македонски уметници, која во иднина ќе биде искористена како вовед во меѓународната програма. 

КИНО НА ОТВОРЕНО (МКЦ плато) 

> Скопје '63 (1964) во режија на Вељко Булајиќ
> Барајќи го Шугармен (2012) во режија на Малик Бендјелоул

(благодарение на Кинотеката на РМ и фестивалот на креативен документарен филм MAKEDOX).

Се гледаме во МКЦ

--
Младински Културен Центар | Youth Cultural Center
quay Dimitar Vlahov 15 |1000 Skopje | MK
Tel / Fax: (00389) 2 3115 225

No comments:

Post a Comment