Sunday, August 17, 2014

Cultural summer Karpos 2014 / art heppening

Dneven likoven hepening  Kulturno Leto Karpos 2014 



Simonida Filipovska Kitanovska i Iskra Belicanska


Add caption
Платото на ТЦ Карпош 3, попознато како Лептокарија, денес беше сликарска мека за 30-тина врвни академски сликари од Македонија. Традиционално, во рамки на Културното лето Карпош 2014, се одржа познатиот ликовен хепенинг на кои врвните сликари од земјата и странство сликаа на платно теми по своја инспирација. Почнувајќи од 12 часот напладне, се до раните вечерни часови ликовните уметници го споделуваа своето творештво со случајните минувачи или намерниците во Лептокарија, ширејќи го креативниот дух меѓу граѓаните. На крајот од сликарскиот хепенинг, претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош Горан Михајлов, на 30-тина академски сликари учесници на овој ликовен перформанс им додели благодарници за учество. Сликите изработени во масло и акрил остануваат трајна сопственост на Општина Карпош. Културната вечер на Карпош, на платото во Лептокарија, заврши со концерт на групата Eye Cue на општи задоволство на младата публика, опкружени со платната на врвните уметници.















More info
http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3096

No comments:

Post a Comment